ВОЈНА ГЕОРГИЕВСКИ-КОТЛАР: ЕКС ПРЕМИЕРОТ ТВРДИ ДЕКА ПРОФЕСОРКАТА ЗЕМАЛА ДВА ХОНОРАРИ ЗА ЕДИЦИЈАТА

0
1380

Продолжува препукувањето меѓу Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-Народна партија и професорката Наташа Котлар. Денеска тој објави дека не е течно дека правел некаква фотомонтажа кога објави кој е ставот на Котлар во однос на некои бугарски прашања.

„Во врска со обвинувањата дека сум направил некаква фотомонтажа, најдецидно тврдам дека во едицијата „Про Македонија“, името на професорката Котлар стои во стручната редакција на најмалку 70 книги кои пишуваат за општата историја со Бугарија, а во дел од нив таа го пишувала и предговорот. Во книгата што ја посочив таа е потпишана два пати и како дел на стручната редакција и како пишувач на предговорот. Значи зела два хонорара, пишува Георгиевски.

Претходно тој обвини дека во 2014 година, додека премиер беше Груевски, директорот на македонскиот државен архив објавил едиција “Промакедонија” во која во седумдесет книги се чита за општата историја на Македонија со Бугарија.

„Во сите седумдесет книги во стручната редакција го читаме името на Д-р Наташа Котлар -Трајкова, а во повеќе од нив таа се појавува како и пишувач на предговорот.

Во прилог ја давам само првата страна и ве молам прочитајте убаво зад што стои нашата позната професорка, напиша тој.

Професорката веднаш возврати и напиша:

„Погледнете го добро овој лик, тој е поранешен премиер на РМакедонија, кој се чувствува како (Не)Македонец, ама милува да е Бугарин и јавно да изјавува дека требало уште од поодамна да се направи ревизија на „нашата“ историја.

Со овој лик ние Македонците немаме „наша“ историја. Но, се согласувам дека уште тогаш во раните 90-ти години, требаше да расчистиме со овој и нему сличните политички, (а)национални, (не)македонски и скрупулозни ликови, докажани во погубната македонска приватизација и (не)демократизација!!! Но, не!

Ние македонските простодушни жители на оваа држава дури и можности големи им дадовме! Затоа, не напредуваме како општество, со овие „чувај Боже ликови“, а ги има многу.

Ние македонските простодушни жители на оваа држава дури и можности големи им дадовме! Затоа, не напредуваме како општество, со овие „чувај Боже ликови“, а ги има многу, вели Котлар.