(ВИДЕО)Грујо и во натура му исплаќа на крмакот Миленко: За него и 60 кози користи пасиште за 744 грла добиток!

0
1610

Блиските соработници на Никола Груевски, фамилијата на Миленко Неделковски, располага со 186 хектари пасишта, изјави денеска на прес-конференција дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој покажа договор за закуп на 186 хектари пасиште во селата Долно Чичево и Подлес склучен во 2009 година, кога на власт се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

– Еве ја тековната состојба на корисникот на концесијата НАТУРАЛ ФУД ДОО Градско издадена на 29.12.2015 година. Сопственици се Виолета Неделковска и Друштвото за продукција ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ- М ДООЕЛ Скопје. Еве ја и тековната состојба на ВОНДЕР ИНТЕРНАЦИОНАЛ- М ДООЕЛ Скопје издадена исто така на 29.12.2015 година. Сопственик Виолета Неделковска, а управител Миленко Неделковски, миленикот на Никола Груевски. Сите со иста адреса и место на живеење. Со овој договор фирмата НАТУРАЛ ФУД ДОО Градско со само 60 кози користи пасиште кое одговара за 744 грла добиток – вели Николовски.

Николовски јавно ја повикува Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори колку кози денес има корисникот и дали ја достигнал бројката која е предвидена со овој договор.

– Додека другите сточари молат за парче земја за напасување на добитокот, овој миленик на Груевски добива површина колку 250 фудбалски игралишта или цел пашалук. Ова е уште потврда дека Миленко Неделковски, Курир и Сител лажат и ја манипулираат јавноста за да го сокријат криминалот во изминатите 10 години на штета на земјоделците. Во изминатите 10 години ВМРО-ДПМНЕ создаде новопечени богаташи на државно змејоделско земјиште и пасишта. За сите нив бараме од Платежната агенција податоци колку субвенции користат, дали кај нив оди инспекција во контрола, дали навистина произведуваат или само се користат површините за добивање на милионски суми на субвенции – изјави Николовски.

dok1 dok01 dok21 dok3