Волонтери од Општина Прилеп ќе набавуваат и доставуваат храна и лекови на стари, болни и изнемоштени граѓани – нова мерка на Општината во справувањето со Коронавирусот

0
1160

Имајќи ја во предвид целокупната ситуација со пандемијата на Коронавирусот,
Општина Прилеп продоложува со нови локални мерки, во правец на заштита
на здравјето на граѓаните од нашата општина, соопшти градоначалникот Илија
Јованоски на денешната пресконференција.

„Од денеска, практично од овој момент, воведуваме телефонска линија со број
048/401-700, на која стари, болни, изнемоштени и возрасни лица со хронични
заболувања, како и лица со посебни потребни, секој ден од 8 до 18 часот, ќе
можат да побараат помош за набавка и достава на намирници за храна, лекови
и други средства за лична хигиена и дезифенција.