ВОЈНАТА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА СЕ РАЗГОРУВА, СЕ ТЕПААТ ЗА ДЕСНИЧАРСКИТЕ АНТИ ЗАПАДНИ ГЛАСОВИ КАКО ХИЕНИ ЗА БУТ ОД ЦРКНАТА АНТИЛОПА – АНДОНОВСКА : КОГА ЛЕВИЦА ЗБОРИ ЗА ПРИВАТНИ ИНТЕРЕСИ ДОБРО Е ДА ОБЈАСНИ КАКО НИВНИОТ ДИРЕКТОР ИЗНАЈМУВАЛ ПРИВАТНИ ФИРМИ ЗА ОЗВУЧУВАЊЕ ОД МАЛА РЕЧИЦА

0
462

Не зборуваме за спортски клубови, зборуваме за децата и луѓето кои што тренираат таму, спуштете се малку на терен, доста само на социјалните мрежи. Излезете на терен Левица. Така да направите разлика дека не зборуваме за спортски клубови, тука за деца кои тренираат со децении. Второ ако веќе зборувате за некакви злоупотреби зошто не покренете постапка. Ако зборувате дека директорите на средните училишта грешеле не видовме во овие години Левица да излезе тука и да каже дека грешеле. ВМРО-ДПМНЕ она што го имаше како информација го изложи, вас не ве видовме, му порача советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска на денешната седница на советникот од Левица Реџеп Исмаил, дискутирајќи за предлог одлуката за надлежност на инфраструктурата на средните училишта.

Андоновска нагласи пред Левица да зборува за приватни интереси, добро е советникот Исмаил да објасни како директорот од Левица на Културно информативниот центар од Левица Тони Димитриовски не ја употребил опремата од Универзална сала, туку изнајмувал опрема од приватна фирма од Мала Речица.И сега повторно се враќаме на она најважното, а тоа е дека сакате да не наведете дека се бранат приватни интереси, па само пред неколку дена тука на вашиот поранешен советник од Левица Тони Димитриовски, сега актуелен директор на Културно информативен центар му беше поставено прашање зошто не ја употребил опремата за озвучување од Универзална сала, туку морало да изнајми опрема од приватна фирма од Мала Речица. Па потоа излезе вашиот директор и вели ама ние моравме да земеме од оваа приватна фирма така налагаше овој изведувачот што бара, рече Андоновска.