ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА ОД СКОПЈЕ ЗА „ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИСПРАВА“

0
397

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривични пријави против И.И.(45) и против Д.Ш.(33), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.

Имено, И.И. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите ,,А”, „В”, „F”, „G” и ,,M”, додека Д.Ш. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „В”, „F”, „G” и ,,M” и ја употребиле при управување возила во Кралството Белгија. Поради сторени сообраќајни прекршоци во Белгија, на двете лица им биле одземени дозволите и доставени до надлежните служби во државата, по што било утврдено дека се фалсификувани.