(ВИДЕО) Ковачевски: На проблемите, дефектите и испадите во РЕК Битола им нема крај

0
1339

Кој ќе ја сноси одговорноста за честите испади, материјалните трошоци, безбедноста на вработените, како и распадот на електроенергетскиот систем на Република Македонија, праша денеска Васко Ковачевски, пратеник од СДСМ.

– Одговорност мора да има и за штетите и за последиците! Затоа бараме персонална одговорност! Кој ќе ја понесе? Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски? Генералниот директор на РЕК Битола Јовко Крстевски? Или пак таинствената личност со иницијали К.М. кој во последните денови се претставува како в.д. управник во РЕК Битола – праша Ковачевски.

Тој потсети дека вчера се случи нова хаварија со поголеми размери на Блок 2 и истиот ќе биде надвор од функција подолг период.

– Ако знаеме дека Блок 1 и Блок 3 подолго време не беа во функција, со оваа хаварија РЕК Битола вчера, по втор пат за кратко време, беше целосно во застој и надвор од енергетскиот систем на Република Македонија. Со ваквото хаотично работење се доведува во прашање и безбедноста на сите вработени во комбинатот. Неспособноста и некомпетентноста на раководствата на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола се главните причини за ваквите катастрофални состојби – додаде тој.