ВМРО СИ ИЗВРШИ ПР САМОУБИСТВО: Одблокирано доставувањето на хуманитарната помош од семејството Заеви

0
1065

– По речиси 15 часа одблокирана е помошта од хумантарни пакети од семејството Заеви, која од синоќа беше блокирана пред магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица, каде околу 23 часот упаднале полиција и јавен обвинител, соопшти денеска Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“.

Двете полициски возила и полицајците се повлекле денеска околу 13:35 часот, а според Марковски, синоќешниот упад има политичка позадина „конструирана од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ“.

– Скандалозно е хуманитарна акција да се политизира и уште полошо да се прават секакви обиди истата да биде спречена само заради тоа што не им одговара на Мицкоски и Наќе Чулев. Семејството Заеви донираа значителна количина на прехранбени производи за да им излеземе во пресрет на граѓаните на кои помошта во овие тешки денови им е најпотребна, изјави Марковски.

Тој додаде дека сите кои учествувале во подготвувањето на пакетите се волонтери на Општинскиот кризен штаб или на струмичкото Здружение „Сите заедно можеме“.

– Како волонтери навистина сме зачудени зошто имаше потреба од ова. Бараме надлежните и институции да го расветлат случајот и во најкраток можен рок да ни ги ги кажат мотивите за овој, според нас, обид за спречување на хуманитарна акција, додаде Марковски.

Тој информираше дека синоќа околу 22:20 часот дошле полициски службеници од СВР-Струмица и почнале да им бараат разни документи, а во 23 часот во магацинот пристигнале дополнителен број полицајци.

– Ние бевме спречени да ги испратиме пакетите кои утринава во 7 часот требаше да бидат доставени во повеќе кризни штабови во државата. Јас бев повикан во СВР-Струмица и бев задржан до 05:00 часот наутро, а и во текот на денешниот ден бев пак повикан за да се расчисти случајот, рече на крајот Марковски.

Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков изјави дека Обвинителството постапило по барање на полицијата.

МИА побара писмена информација и од СВР-Струмица, но до објавувањето на веста се уште нема одговор од полицијата.