(ФОТО + ВИДЕО) ЗАЕВ ИМ ОТКРИ НА ДОЈРАНЧАНИ ДЕКА НАЈВАЖНИТЕ ДЕЛОВИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА БИЛ НАПРАВЕН НА ПАРКИНГ ВО НИВНАТА ОПШТИНА

0
1133

Јас сум убеден дека нашите граѓани ќе му покажат на целиот демократски свет, преку овој референдум, храброст дека водат грижа за следните генерации, рече премиерот Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Дојран.

– Ако некој има алтернатива Б, Ц, за членството во ЕУ и НАТО, нека ја каже, но нема. Имаа 11 години да постигнат добро решение. Јас знам дека сите сме за ЕУ и НАТО. Ако сме сите, ред е сите да се обединиме, за иднината на нашите деца- рече Заев.

Тој пред граѓаните откри дека „на паркингот во Дојран,  со премиерот на Грција Алексис Ципрас, е постигнат договор за признавање на македонскиот јазик“.

Според Заев тоа се случило во текот на билатералните преговори, пред одржувањето на самитот на ЕУ.

Заев рече дека е постигнат добар договор, дека се осигурани македонскиот јазик и идентитет, дека како никогаш досега Македонија ја има поддршката на големите држави во светот, дека знамето на Македонија ќе се вее рамноправно пред седиштата на ЕУ и НАТО, а државава на иста маса рамноправно ќе одлучува со големите сили.

Тоа, рече Заев, ќе донесе безбедносни гаранции за државата и економски бенефит за секој граѓанин во Македонија, поради новите инвестиции и достапните фондови на ЕУ.

-1991 година ја обезбедивме иднината на државата, убеден сум дека на 30-ти септември 2018 година таа независност ќе ја осигураме – рече Заев на трибината во Дојран.