ВМРО-ДПМНЕ : СДС И ДУИ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД БЕТОНИЗАЦИЈА НА КАРПОШ, БИЗНИСОТ ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ

0
185

СДС и ДУИ да се откажат од бетонизација на Карпош, бизнисот од 600 милиони нема да им помине.

СДС и ДУИ за бизнис од 600 милиони евра сакаат да го блокираат Карпош и цело Скопје.

За „Пуцко Петрол“ да оствари бизнис од 600 милиони евра Тафталиџе треба да се претвори во инфраструктурно тесно грло, кое ќе го блокира протокот на возила и луѓе во правец исток – запад на територија на Скопје.

ДУПот кој СДС и ДУИ го туркаат преку Јакимовски е штетен за Карпош, единствено бенефит од него имаат тие.

Наместо урбано и хумано живеење СДС и ДУИ туркаат бетонска џунгла среде Скопје.