Спасовски на трибина во Неготино: Наша битка денес е битката за правда, против арамиите и криминалците

0
803

Во изминатиот период имавме многу заеднички битки. Битки имаа и нашите предци, едните се бореа за создавање на државата во Втората светска војна и се изборија, други се бореа да создадат независна суверена Македонија и успеаја. Наша битка беше да создадеме слободна и европска држава и тоа го направивме со рушење на режимот во 2017 година. Но, имаме уште една битка која заедно ќе ја добиеме, тоа е битката за правда, порача потпретседателот Оливер Спасовски на трибина во Неготино.

Спасовски пред присутните повика на сплотеност и истрајност во борбата против криминалот и корупцијата затоа што само држава во која има правда и правичност може соодветно да се развива и да напредува, да отвора нови перспективи и иднина за младите.

-Наша битка денес битката во која ќе се избориме против арамиите и криминалците и таа битка не смееме да ја изгубиме. Само преку добивање на битката против криминалот и корупцијата, државата има шанси. Има шанси и за младите има шанси и за нови работни места, за квалитетно здравство и образование. Затоа, ајде да истраеме во битката против криминалот и да продолжиме да градиме европска Македонија, повика Спасовски.