Демант на лагите и клеветите искажани од движењето „СОС“ од Установа Центар за современи уметности Скопје

0
1141

Центарот за современи уметности Скопје  најостро ги осудува, тешките лаги и клевети и во целост ги демантира изјавите на претставниците на граѓанското движење

„Стоп операција Сорос“(„СОС“), искажани на прес конференцијата на 04.02.2017.

На прес коференцијата беше посочено дека Центарот за современи уметности е дел од организации на чии што сметки легнувале милионски суми кои биле користени за партиски активности и цели на СДСМ.

Остро ги отфрламе ваквите клевети и навреди. Средствата на Центарот никогаш не биле и нема да бидат користени за цели на било која партија. Центарот е една од  организациите чии активности се широко препознаени и поздравени од сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната верска или етничка припадност.

Измислиците на на претставниците на граѓанското движење „Стоп операција Сорос“ („СОС“),  имаат за цел само да ја деградираат работата на нашата и на останатите граѓански организации кои гласно ги артикулираат проблемите во општествотои се борат за решавање на проблемите на граѓаните.

Центарот за современи уметности Скопје не е дел од СДСМ, ниту пак „партиски клуб на партијата“ или било која друга и не работи по “ничија наредба”, какo штo наведуваат oд движеоетo „СОС“.

Центарот за современи уметности Скопје е формиран во 1994 година како дел од мрежата на центрите за современа уметност, а од 1999 година Центарот за современи уметности станува независна невладина институција од култура, која се занимава со современата уметност и мултидисциплинарни активности, давајќи и поддршка на македонската уметничка сцена преку организирање уметнички изложби, проекти од областа на електронската уметност и мултимедијата, алтернативни проекти, образовни проекти, конференции, работилници, фестивали, симпозиуми и проекти за развој на културата во руралните заедници. ЦСУ – Скопје е активен со давање логистика, техника и грантови за млади уметници. ЦСУ – Скопје делува и како информативен центар за најновите уметнички правци, како поддржувач и промотор на македонската уметност.

Поради грубите невистини и клевети изнесени на прес конференцијата, бараме јавно извинување од страна на „СОС“. Во спротивно ќе поднесеме тужба за навреди и клевети.