МИЦКОСКИ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО СО ЛОКАЛНИТЕ ИЛИ ПАК ЗА СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ

0
894

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека сите опции се отворени во врска со предвремените парламентарни избори, заедно со локалните или напролет идната година.

“Сите опции се отворени, можеме да имаме заедно со локалните и предвремени парламентарни избори, може да чекаме резултати од локалните, па да видиме, па после да имаме напролет предвремени парламентарни избори. Така што сите опции се отворени. Не би сакал да зборувам сега за детали, затоа што кога зборувате за детали, дел од граѓаните имаат некои високи очекувања, а друг дел се борат да не успеете. Факт е дека Македонија во моментов се движи во погрешна насока и тоа мора да го смениме” – рече Мицкоски.