ВИСОК ЕВРОПСКИ ДИПЛОМАТСКИ КОР ВО РАБОТНА СРЕДБА ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА СТРУМИЦА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ

0
508

Со членовите на високата Делегација од дипломатскиот кор во нашата држава реализиравме работна средба во канцеларијата на Europe House Strumica.🇪🇺

👉Низ дијалог и дискусија разменивме информации и детали од реализацијата на проектот во измината година. Во фокус ставени се различни проекти од областа на уметноста и културата кои ги доближија европските вредности до младите струмичани, истовремено збогатувајќи го нивното секојдневие.

За потенцирање и пофалба се сите учесници и реализатори кои и во ова специфично време успеваа да реализираат преку 180 настани со повеќе од 8.000 присутни.

🔻Во оваа прилика, заедно со Н.Е. Дејвид Гер ги охрабривме младите струмичани и понатаму да продолжат посветено да работат на нови иницијативи и проекти за развој и негување на позитивни вредности во нашиот град. А како Општина веруваме во нивната посветеност и тука сме во континуитет да ги поддржиме.

#ОдМладитеЗаМладите
#ОдСрцеЗаСтрумица
#EUhouse
#EuropeHouseStrumica

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Коста Костадинов.