Талат Џафери призна дека државата е партизирана од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ

0
1294

Пратеникот на ДУИ и поранешен министер за одбрана, Талат Џафери, ги потврди обвинувањата и бројните констатации дека институциите на државата се во целост под капата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, јави А1он.

talatPressDz-628x320

На денешната седница во Собрание, Џафери призна дека удел во партизацијата на државниот систем има и ДУИ, партија која ја застапува.

-Не е новина неподеленоста на партијата од државата, вклучувајќи го тука и субјектот кој јас го застапувам – рече Џафери реплицирајќи на пратеничката, Солза Грчева.

Репликата беше дадена на Комисијата за надзор над спроведување на посебната истражна мерка прислушување на комуникациите. Грчева инсистираше дека оваа Комисија не може полноправно да одлучува во отсуство на опозицијата и со претседавачот Павле Саздов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе детали може да прочитате ОВДЕ