(ВИДЕО) ШОКАНТНО СВЕДОШТВО на полицаецот кој го спасил Зијадин Села : На ХУЛИГАНИТЕ им реков дека е мртов и го извлеков!

0
1709

Припадникот на собраниското обезбедување, Абдулфетах Алими од кумановско Оризаре за раскажува за тешките моменти што ги минал кога го спасувал пратеникот Зијадин Села од насилниците, објави „Алсат – М“.

„Беше тежок момент. Ме викна моја колешка, „Фетах, дојди зашто го убиле Села. Претходно, неколку минути бев во несвест, но Господ ми даде сила да трчам долу до првиот кат. Кога дојдов до клубот на пратениците, го видов г-дин Села како лежи целиот облеан во крв. И јас помислив дека е мртов. Но, забележав дека дише, дека има пулс. Таму беа двајца хулигани на кои им реков „тргнете се зашто е мртов“, а тие помислија дека работата е завршена“, – изјави Алими- обезбедување на Собранието

Абдулфетах го земал Села на грб и го однел во канцеларија на најгорниот кат.

„Кога влеговме, тој беше во тешка состојба. Јас го легнав на подот и ме праша „кој си“. Тогаш му кажав дека сум Фетах од собраниското обезбедување. Му дојде голема надеж, силна надеж. Ми рече: „Фетах, во твои раце сум“. Во тој момент му реков: „Зијадин, ако ме убијат, прости ми“. – додава Алими

Абдулфетах и Села неколку часа биле сами. Во меѓувреме, во канцеларијата дошла медицинската сестра од Собранието за да му даде инфузија. Часовите на ужас Абдулфетах ги објаснува како еден век. Неколку часа подоцна стигнала група полицајци кои помогнале во нивното евакуирање. Свежи се сеќавањата на Алими за таа ноќ, а сликите од насилството го прогонуваат секојдневно.