(ВИДЕО) НОВИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДИНКИТЕ ЗА ВОЗРАСНИ ВО ШУТКА И ИДРИЗОВО : Агенти на УБК избришале снимки од безбедносните камери, дел од насилниците влегле од влезот за службени возила

0
2235

Надлежните институции ја разгледуваат улогата на Управата за безбедност и контраразузнавање на критичната собраниска ноќ. Снимките што ги обезбеди Алсат М покажуваат дека покрај армиски и припадници на МВР, во парламентот имало агенти на УБК, кои реагирале различно во ситуацијата.

Се уште не може да се утврди дали овие дејства биле по наредба на началниците на УБК или индивидуални, иако Управата требаше да биде најинформирана за настаните што ќе следат на 27-ми април. Алсат М од свои проверени извори дознава дека најмалку двајца припадници на УБК ги избришале снимките од безбедносните камери на Собранието. Се уште не се знае дали тоа е направено по наредба.

Алсат М исто така дознава дека снимките биле зачувани на друг сервер, а дел од снимките од камерите покажуваат и вработени кои сакале да ги уништат трагите на насилството на 27 април. Се уште не се знае дали против овие вработени ќе се покрене постапка, иако, како што откри Алсат уште на стартот, сценариото било по насилството да се избрише секоја трага.

Полицијата, како што дознава Алсат М направила вештачење и на пронајденото ладно оружје, отисоци од прсти и анализа на крвта кои дополнително ќе го разоткријат идентитетот на напаѓачите. Дознаваме дека освен отворањето на вратите на Собранието што го сториле пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски и насочувањето на толпата од Тарчуловски и од шефот на обезбедувањето на Велјановски, дел од напаѓачите координирано влегле од влезот под собраниската зграда, конкретно од гаражата на Собранието, дел кој е дозволен само за службените возила. Од некои извори, дознаваме дека тоа го овозможил шефот на единицата за обезбедување на Велјановски, Горан Ѓошевски.