(ВИДЕО) Филипче: Засега нема потреба од други мерки за Куманово, се додека можеме да следиме кој од кого се заразил

0
1117

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција го коментираше барањето на градоначалникот на Куманово и на општинскиот кризен штаб за 14-дневен карантин и кризна состојба во градот по примерот на Дебар.

Филипче рече дека засега се уште се следи патот на заразата, односно се следи кој од кого се заразил, и затоа не се предложуваат нови мерки за Куманово освен постоечките.

„Мора да кажам дека секојдневно ја следиме ситуацијата. Доколку има појава на поголем број на пациенти коишто не може да се поврзат на некој начин со тие веќе дијагностицирани, не ја исклучувам можноста, меѓутоа во овој момент немаме таков голем број. Можно е да разгледуваме и други мерки, но засега не. Имаме пред нас еден целосно затворен викенд којшто ќе биде од петок до понеделник и за тоа време сега се прави распоред. Можеби не за недела посебно, но четврток, петок и сабота ќе се закажуваат прегледи и тестирања.

Значи, може да се намали бројот на тестирања, но не целсоно да ги нема за да ја задржиме оваа динамика на пораст на бројот на тестови коишто го правиме и доколку се изнуди потреба веројатно ќе разговараме и за други мерки. Но, засега сметаме дека нема потреба. Во Дебар се донесоа тие мерки кога немаше други мерки во државата. А сега имајќи во предвид дека таму нема ни јавен ни меѓуградски превоз, како посебна мерка за Куманово, со овие мерки за рестрикција за движењето сметам дека има простор ситуацијата да се следи“, рече Филипче.