ВМРО ДПМНЕ Е КАКО РАНЕТ ЛАВ – ВО ОЧАЈ ДЕКА ГИ ГУБАТ СИТЕ ПОЛИТИЧКИ БИТКИ СЕ ПРЕТЕРАА СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

0
700

Речиси по правило, сите измислици беа лансирани преку социјалните мрежи со цел да се предизвика паника кај граѓаните. Последна во низата лажни вести е поврзана со истакнатиот пулмолог Д-р Дејан Докиќ. На фејсбук се појави лажен текст за ситуацијата со коронавирусот, кој Д-р Докиќ го демантираше. Тој повика повеќе да се верува на телевизиите бидејќи лично преку слика се пренесуваат ставовите на здравствените власти.

Напад со лажни вести имаше и за владините функционери Мила Царовска, Бојан Маричиќ и Артан Груби, во кои беше наведено дека преку ред се вакцинирале. Ваквата објава на news1.al. ја сподели и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, а обвинетите за „ВИП-вакцинација“, како што веше наведено, веднаш преку своите Фејсбук профили ја демантираа веста која ја пласираше албанскиот медиум. Министерот Филипче за овие лажни вести ја обвини опозицијата, велејќи дека сакаат дополнително да нашетат на моменталнта тешка ситуација.

-Во ширењето на лажни вести се оди и до степен на морбидност.. Така, викендов беше објавено дека починал познатиот баритон Борис Трајанов, кој е позитивен на коронавирусот, па членовите од неговото семејството мораа да ги демантираат ваквите небулози, изјави Филипче.

Како граѓаните да се заштитат од лажни вести? Комуникологот Бојан Кордалов апелира секој информација да се зема со резерва и да се проверува од релеватни извори..

Проблемот со ширењето на лажни вести не е нов и не е само кај нас, но кулминираше со почетокот на пандемијата.. За жал, досега не се најде начин, ниту се направо обид тие да бидат санкционирани, а во земјава дополнителн проблем е што порталите воопшто не се регулирани со законот за медиуми..