Скопското село Стајковци е најпогодено од големето невреме што се случи синоќа. Во некои куќи има и до два метра вода, а многу граѓани беа заглавени во своите автомобили.
Шест тима на АРМ, полиција, противпожарна единица и граѓани беа ангажирани во санирање на последиците од невремето.
Според поседните информации од МВР најмалку 15 лица го загубија животот во невремето.