РАЦИЈА ВО БЕРЛИН, 400 ПОЛИЦАЈЦИ ПРАВЕЛЕ ПРЕТРЕС КАЈ ШВЕРЦЕРИ НА ЛУЃЕ

0
404

Полицијата во Берлин и сојузната покраина Саксонија-Анхалт западно од главниот град започнаа голема рација против група осомничени шверцери на луѓе.
Повеќе од 20 станови и канцеларии, главно во Берлин, се претресени утринава, изјави портпаролот на федералната полиција.

Уапсени се пет мажи, од кои четворица во Берлин и еден во градот Хале во провинцијата Саксонија-Анхалт.Под истрага се вкупно 18 осомничени. Бандата наводно шверцувала луѓе од Турција и Ирак во Германија.Вкупно 400 полицајци од федералната и берлинската полиција, вклучително и специјалните сили како ГСГ 9, беа распоредени при рацијата.