СДСМ: Фридом Хаус го потврди хибридниот режим, на Македонија и е потребно враќање на слободата и демократијата

0
900

„Најновиот Извештај на угледната меѓународна организација „Фридом Хаус“ јасно и недвосмислено потврдува дека поради хибридниот режим на Никола Груевски демократијата во Македонија назадува, нема слободни медиуми, нема независно судство, корупцијата расте, претходните избори не се веродостојни…

Извештајот на Фридом Хаус бележи влошување на сите општествени сфери во Македонија.

Најголемо назадување има во сферата на независност на медиумите каде индексот на Македонија е 5,25 што значи сериозно влошување на состојбата.

Според Извештајот, рејтингот на изборниот процес се влошил поради индикациите за изборна измама што фрлаат сомнеж врз веродостојноста на претходните избори.

Во извештајот се бележи и влошување на состојбите во сегментот на владеење на правото и независноста на судството поради мешање во работата на судството.

Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности. Тоа е можно единствено преку организирање на слободни, фер, демократски и кредибилни избори со целосно исполнување на Договорот од Пржино.

Платформата за демократска Македонија ги содржи демократските начела и принцпипи во коишто веруваат демократските сили во земјата, предводени од СДСМ, од коишто нема да отстапиме се до нивното исполнување.

Изборите мора да бидат регуларни, фер и демократски. Во Македонија ќе се одржат регуларни, фер и демократски избори откако ќе се надминат клучните проблеми преку прочистување на избирачкиот список, спроведување на реформа на медиумите и прекинување на притисоците и заплашувањата врз гласачите.

Медиумите мора да бидат слободни и објективни!

Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна!

Институциите мора да бидат независни!

Или Груевски или Македонија.

Заедно стоиме на страната на Македонија“, соопштуваат од СДСМ.