(ВИДЕО) Талевски : Една година членство во НАТО, Северна Македонија рамноправна членка на најсилниот воено безбедносен сојуз

0
939

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Република Северна Македонија одбележа една година од членството во најмоќниот безбедносен соујз, НАТО!

Нашата држава е дел од воено – политички најмоќното семејство на развиени демократии и денес дава придонес за светскиот мир и безбедност.

Владата предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев, уште на почетокот од преземањето на власта, јасно го трасираше патот кој водеше до членство во НАТО и интерграција во ЕУ.

Со членството во НАТОостваривме една од двете стратешки цели поставени уште на од денот на независноста.

Но на ова достигнување единствено Христијан Мицкоки не се израдува, тој не смогна сили ниту да го честита приемот на нашата држава во НАТО Алијансата.

Мицкоски не ја честиташе ниту прваата годишнина од членството во НАТО со што докажа дека е полиитчар кој е на спротивната страна од државните и национални интереси.

Почитувани,

Членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава .

Тоа значи, најсилна гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот државата.

Нема веќе закана по нашата сигурност и безбедност. Сега, токму ние сме тие кои учествуваат во креирањето на политиките, во дискусиите за актуелни прашања и заедно носиме одлуки со другите сојузници во НАТО.

Денес како 30 земја членка на НАТО Република Северна Македонија, стои рамо до рамо со најголемите, најпросперитетните земји.

Активно учествуваме во мисиите на НАТО кои се насочени кон зачувување на мирот и стабилноста, но и кон развојот на локалните капацитети и институции за одржување на мир, безбедност и стабилен демократски развој.

Почитувани граѓани,

Членството во НАТО е исполнување на сонот на многу генерации и признание за демократските вредности поддржани од нашите граѓани.

СДСМ како одговорна, државотворна партија, продолжува кон остварување и на втората стратешка цел – членството во Европската Унија.