ЗАЕВ : Уште сум оптимист за датум, на 17-ти ќе бидам во Брисел да лобирам, имам разбирање за Франција која бара нова методологија, ние ја прифаќаме таа нова методологија

0
722

– Уште сум оптимист дека ќе добиеме датум, на 17-ти овој месец ќе бидам во Брисел и ќе лобирам да добиеме датум. Имам разбирање за Франција која бара нова методологија, ние ја прифаќаме таа методологија, немаме ништо против земјите да се оценуваат построго и ако застанат со реформите или одат назад тогаш и нивниот пристап да биде закочен или вратен неколку чекори назад. Но лидерите на земјите ќе ја донесат одлуката, не министрите и амбасадорите.

Премиерот Заев пред новинарите на пресот за раст на минимална плата.