Ахмети му се ДОДВОРУВА на Заев: Брисел да делегира силен политички и експертски тим за случајот „Пуч“

0
1345

ahmeti-zaev-540x304

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во Амбасадата на Германија во Скопје се сретна со делегацијата на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот предводена од пратеникот Петар Вајс, како и со амбасадорката Кристине Алтхаузер.

Германските пратеници, според соопштението од ДУИ, биле заинтересирани за спроведувањето на Охридскиот договор, меѓуетничките односи,  прашањето за името,  политичкиот дијалог, како и случајот со прислушување.

Ахмети на средбата побарал заложби од Германија за заедничка средба на македонскиот и грчкиот премиер со цел надминување на прашањето за името.

– Ахмети нагласи дека Македонија ја чека уште многу работа во однос на владеењето на правото, борбата против корупција, слободата на медиумите итн, но иако ги исполни сите овиe услови, без решавање на спорот со Грција, нема да се зачлени во НАТО ниту да започне преговори со ЕУ. Затоа улогата на Германија, започната со конференција во Берлин минатата година, треба да биде клучна за седнување на зедничка маса на премиерите Груевски и Ципрас за решавање на ова прашање што е можно поскоро, се вели во соопштението од ДУИ.

Во однос на политичкиот дијалог, според соопштението, Ахмети рекол дека „местото на СДСМ е во Собранието каде ќе најдат партнер во ДУИ“.   По објавувањето на случајот  „Пуч“, според Ахмети,  Брисел што поскоро треба да делегира силен политички и експертски тим во државава.

– Лидерот на ДУИ го покани и официјален Брисел да го зајакне посредничкиот тим помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и со експерти кои ќе го следат случајот „Пуч“. За да се врати доверливоста и кредибилитетот од сите инволвирани страни кои се вклучени во оваа афера, Брисел треба да делегира силен политички и експертски тим што е можно поскоро, се вели во соопштението.