(ВИДЕО) Сугарески: Од ВМРО-ДПМНЕ јавно потврдија дека зад неуставната одлука за аболиција стои Груевски

0
969

„Она што јавноста веќе добро го знаеше, денеска јавно го потврди и пратеничката група на ВМРО­ ДПМНЕ. Зад срамната, незаконска и неуставна одлука за аболиција стои Никола Груевски. Очигледно намерно Груевски го избра Илија Димовски да ја соопшти оваа вест“, рече Горан Сугарески, координатор на Пратеничката група на СДСМ.

„ВМРО­ДПМНЕ лажно изјавуваше дека не се согласува со одлуката на Иванов. Денеска уште еднаш го потврдија спротивното, се е договорено и спроведено по нарачка на Груевски. Никола Груевски преку нарачаната аболиција кај Иванов го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници. Едно треба да им биде јасно на сите.

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво. Целосно поништување на незаконската одлука на Иванов за аболиција мора да има и ќе има. Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара“, изјави Сугарески