МПЦ ТОТАЛНО СЕ АЗДИСАА СО ТОА МОЗОКОТ! ДА СЕ ЧУДИ ЧОВЕК И ДА СЕ КРСТИ СО ОВА ЛУДИЛО! Цела Македонија е на нога , не се знае колку жртви има, сите се организираат со автобуси, цистерни, багери и лопати, овие прават пикник со цајкани и со цистерни со ора и чочеци?!?!

0
2616

Вчера, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се оддржа традиционалната иселеничка средба, „Ден на дијаспора“.

Иселениците од Македонска Каменица и регионот имаа можност за целодневно дружење, уживање во преубавата природа и манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, а ги проследија и настапите на реномирани фолклорни ансамбли, Модерато бенд и македонската фолк ѕвезда Јордан Митев. На „Ден на дијаспората 2016“ присуствуваа и Митрополитот на Брегалничката епархија, владиката Иларион и владиката Пимен од Европската епархија.

Здружението на граѓани „Еленец-Цера“ подготви традиционален македонски ручек за посетителите.

Настанот е во организација на Културно-информативен центар „Романса“, со финансиска поддршка од општина Македонска Каменица.