ПИВОВАРОВ : АКО ПРОДОЛЖИ КОРУПЦИЈАТА, ЕДЕН ДЕН НИКОЈ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЕМА ДА ЗЕМЕ ПЛАТА

0
811

Неодамна беше фатен шеф на смена на граничен премин како прима мито, а веднаш потоа се објави дека полицајци намерно ги кршат боди-камерите. Вчера беше објавено дека се уништени 30 вакви камери кои се донација од САД. Тоа е индикативно, вели Владимир Пивоваров, координатор на пограничните служби за Утрински брифинг.

-Според мене клучно е 24 часа снимање, а не само кога ќе се процени. Значи, тие не си ја исполнуваат функцијата, вели Пивоваров.

Тој вели дека технологијата може да ја превенира, да спречи корупцијата и да биде доказно средство. Но, секогаш зад оваа технологија има човечки фактор и во него треба да бидеме сигурни. За да се следат активностите на полициските службеници Координативниот центар има свои службеници кои на свои начини тоа го проверуваат, вели Пивоваров за Утрински брифинг.

-Минатата година имаше мал број пријавени случаи на земање мито, а повеќе беа за злоупотреба на слубена положба. На пример, пропуштање на лица без ПЦР тест, што беше законска обврска. Таа злоупотреба не е лична услуга оти се повторува, оттука станува збор за корупција, вели Пивоваров.

Пивоваров вели дека нема појава на пријавување за земање мито од полицајци и цариници. Но, за да се побара посебни мерки како видео надзор и прикриена истрага, треба да се добие наредба од Обвинителството. Треба да се праша Обвинителството зошто обвинителите не дозволиле и колку барања имале за посебни истражни мерки, вели Пивоваров.

  1. -Поради ризичноста на работните места, вработените од гранична полиција треба често да се менуваат на различни гранични премини за да се одбегне здружување. Од 96 уапсени цариници на Блаце последниве години само четворица завршија во затвор. Значи дека се работи за нешто многу поголемо, вели Пивоваров.
  2. Отсуството на систем на контрола доведува до вакви состојби на граничните премини, вели Пивоваров.

    -Соседните земји, пред да станат членки на ЕУ успеаја да етаблираат специјални единици за борба против корупцијата и криминал, истакна Пивоваров. -Самата идеја ќе биде дочекана на нож од оние кои се инволвирани во такви незаконски дејанија. Кај нас тоа би бил политички проблем, оти досега секогаш кога ќе беше уапсен некој се јавуваше некоја партија да каже дека станува збор за политички процес, вели Пивоваров.

    Тој потсетува дека УСКОК во Хрватска има извонредни резултати, а за корупција беа обвинети од самиот премиер Иво Санадер, до министри и градоначалници.

    -Кај нас проектите се супер, ама секогаш наоѓаат причина зошто да не се спроведе. Целата прикаска завршува кога во приватен разговор со цариниците ќе слушнете „па ние земаме по 10 евра, оние на турска граница земаат по 200 евра“, коментира Пивоваров.