(ВИДЕО) СЕКУЛОВСКИ ОД ЗНМ: ЗА ПРВ ПАТ СУДОТ ИЗДАДЕ КАЗНА ЗАТВОР ЗА ФЕЈСБУК КОМЕНТАР ВО КОЈ ИЗВЕСЕН САШО МИТЕВ СЕ ЗАКАНУВА ДЕКА ЌЕ СЕЧЕ ЈАЗИЦИ НА НОВИНАРИ

0
826

Денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профилот на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ.

Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело.