Јанчев: Ако чекаме да помине пандемијата, ќе дојдат избори и попис никогаш нема да направиме

0
1085

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев смета дека попис мора да се спроведе пред летото, бидејќи, според него, во лето тешко се изведува, а на есен има локални избори.

-Дека попис ни е неопходен, тоа е повеќе од јасно. Замислете 20 години немаме попис, тоа е катастрофа. Ако доаѓате од бизнис – секторот, имате попис секоја година или месец, а замислете држава да не си го попише сопственото население. Тоа се неколку генерации – рече Јанчев на ТВ 21.

Според него, пандемијата не треба да биде пречка за спроведување на пописот, бидејќи, како што вели, таа ќе трае подолго.

-Ако чекаме да помине пандемијата, па ќе дојдат изборите, па ќе дојдат други избори, и никогаш нема да направиме попис. А покрај населението, ќе попишеме и многу други делови во општините кои не сме ги занеле до сега: од семејства, од образование, од енергетика од многу работи кои се предуслови за развој на една држава – истакна Јанчев.