(ВИДЕО) Попоски : После 5-ти мај стартува државната социјална пензија за сите граѓани

0
1278

Со неразумното одбивање да ги потпише законите од сферата на социјалната политика, коишто се изгласани во Собранието, послушникот на Груевски и Мицкоски, Ѓорге Иванов дополнително ја влошува и онака незавидната ситуација на сите социјално загрозени граѓани во нашата држава.

Веднаш по 5-ти мај, новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе ги потпише новите закони и ќе покаже како се бранат и застапуваат интересите на граѓаните.

Со тоа, социјалната помош за секое четиричлено семејство наместо досегашните 3.090 денари, ќе изнесува 11.770 денари.

Исто така, со новата законска регулатива расте бројот на корисници на детски додаток. Ако досега ова право го остваруваа 3.600 деца, сега детски надоместок секој месец ќе добиваат 63.800 деца.

Во рамките на социјалните политики, отсега државата ќе обезбедува образовен додаток за вкупно 73.600 деца, за разлика од досега кога тоа право го оставруваа само 3.800 деца.

Со новиот пакет социјални политики, Владата ја воведува државната социјална пензија. На тој начин, сите оние лица коишто наполниле 65 години старост, а немаат стаж и никој не прашува од што и како живеат, после 5-ти мај ќе добиваат државна социјална пензија во висина од 40 отсто од просечната пензија во државата.

За спроведување на овие мерки, за обезбедување социјална стабилност и сигурност на своите граѓани, Владата од државниот буџет издвои 35 милиони евра. Веднаш после 5-ти мај, овие пари ќе стигнат на сметките на сите граѓани од социјално ранливите категории.

Оваа Влада води сметка за сиромашните и немоќните граѓани и тоа не е никаква политичка реторика, туку реалност.

Со победата во првиот изборен круг, граѓаните навестија дека Стево Пендаровски ќе биде новиот Претседател на Република Северна Македонија.

Не постои никаква дилема дека на 5-ти мај, победата ќе биде уште поубедлива, бидејќи граѓаните покажаа дека сакаат подобар живот, дека сакаат да одиме Заедно Напред во прогрес и интеграции во ЕУ и НАТО.

Стево Пендаровски ќе биде новиот Претседател на нашата држава, Претседател кој ќе обединува и кој со потпишувањето на изгласаните социјални закони, уште на самиот почеток на неговиот мандат ќе покаже дека ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија.