(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Здружението ПАКТИС Прилеп промовираше прирачник „Од отпад, до енергија“

0
1863

Трибина 7

Во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“, здружението ПАКТИС организираше трибина на тема „Отпадот – богатство за граѓаните, не загадувач“, на која учество зедоа околу 50 граѓани, како и релевантни експерти по темата, сертифицирани лица за управување со отпад, лица со искуство за производство на Биогас врз база на отпад, членови на Совет на општина Прилеп и претставник на „ЈКП Комуналец“ Прилеп.

Трибина 3 (1)

Со свои излагања и презентации учество зедоа Др. Гордана Антулеска Белческа, на тема: Колку општината при управувањето со отпадот, придонесува за зачувување на здравјето на граѓаните? Дипл. Инж. Арх. Кирил Настески – поранешен Државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, во своето излагањето на темата: Општина Прилеп низ планот и програмата за управување со отпад“,  Дипл. Маш. Инж. Зоран Апостолоски отворајќи дискусија на темата: Компостирање, или анаеробна ферментација, Дипл. Ек. Благица Димеска на тема: Регионално управување со отпадот – Колку општината се вклучува во овој интегриран систем на управување со отпадот.

Трибина 3

Истовремено, на трибината беше промовиран прирачник со наслов „Од отпад, до енергија“, којшто е во издание на здружението ПАКТИС и во кој е направена сеопфатна анализа на капацитетите и можностите на општина Прилеп да изгради инсталација за производство на Биогас врз база на биоразградливиот отпад (Биомасата), која се создава во општината.

Трибина 6

Дополнително, во прирачникот е ставен акцент на предлогот за формирање на Јавно претпријатие за енергија и топлификација, кое ќе стопанисува со инсталација за производство на Биогас врз база на разградливиот отпад во Прилеп. Со ова, граѓаните ќе имаат директна корист, преку можноста за искористување на добиениот Биогас за:

  • Загревање на Јавните здравствени и школски установи,
  • Намалување на сметките за јавно осветлување,
  • Бесплатен јавен превоз,
  • Нови работни места,
  • Прекинување со наплата за подигање на отпад од домаќинствата,
  • Отворање на нови работни места.

Трибина 5

Излагач Др.Гордана Антулеска Белческа

Излагач Дипл. Инж. Арх. Кирил Настески

Излагач Дипл. Маш. Инж. Зоран Апостолоски

Излагач  Дипл. Ек. Благица Димеска:

Во прилог ви го доставуваме и прирачникот за тоа како од отпад до енергија кој може да го превземете на следниот линк ОВДЕ