(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Успешната приказна на Мишел Трајковски – “Ора и соништа”

0
2019

Дваесет и едно годишниот виртуоз на хармоника, Мишел Трајковски синоќа во хотелот Импексел го промовираше својот прв албум насловен “Ора и соништа”. На промоцијата присуствуваше цела музичка елита која што не ги штедеше своите зборови за талентот кој го поседува Трајковски.

Албумот е збир на 10 композиции од кои седум се со потпис на Мишел како композитор и три преработки.

12415821_10153798801791585_1605766278_o

Промоцијата jа отвори режисерот Нелко Нелковски кој што ја компарираше работата на Мишел Трајковски со врвните композитори како Бах, Моцарт, Бетовен и други, секој го започнува својот пат со првиот чекор па така и Мишел денеска го направи својот прв чекор, рече Нелковски.

“Денес го остварив мојот сон, од мал посакував јас да бидам токму на ова место каде што стојам сега, а вашите погледи да бидат вперени во мене. Тука има многу мои идоли од детството од кои сум учел и на кои сум се дивел, ви благодарам што ја збогативте мојата промоција со вашето присуство. Ова е мое прво ЦД навистина, но сакам да ви најавам дека веќе работам на нов проект кој што ќе биде малку поразличен од овој. Цедето “Ора и соништа” е за сите вас но јас им го посветувам на моите родители и мојот брат кои што во секој момент несебично ми помагаат и ми даваат поддршка и во животот и во мојата работа”, рече Мишел Трајковски на синоќешната промоција.

12405113_10153798802246585_611548181_o

Пред присутните со свое кратко мислење за Мишел се обрати и маестро Милан Завков, Ферус Мустафов и претставник на групата Фортуна каде што за музицирањето на хармоника е задолжен “најмладиот и најдобриот” како што рекоа Мишел Трајковски.

12404855_10153798801571585_1742391513_o

Милан Завков пред присутните кажа дека Мишел за прв пат го видел во музичкиот проект “Зајди зајди” на Алфа телевизија каде и го открил огромниот потенцијал кој Мишел го надградува секојдневно со работа која што токму вечерва може да се слушне на ова музичко ЦД.

12414401_10153798802306585_278383730_o

“Соработката со Мишел jа започнав пред неколку години кога ми требаше добар хармоникаш да ги свири ората во музичката продукција “Сезам” во соседна Србија. Кога го слушнаа колегите од таму останаа со подзината уста, и сите прашаа од каде е ова дете, легендата Боки Милошевиќ не можеше да се изнаслуша и на секое спомнуваше, нема шанси ова да е македонец, нема шанси ова да е македонец, да почитувани присутни баш тоа е македонец, маестро Мишел Трајковски”, рече Ферус Мустафов.

12414081_10153798801796585_967438157_o
12435104_10153798802291585_1055841470_o