ХРВАТСКИ ,,ЈУТАРЊИ ЛИСТ” : КЛЕМЕНТИНА ПО АПСЕЊЕТО ЦЕЛО ВРЕМЕ СЕ СМЕЕЛА И НЕ ПОКАЖУВАЛА КАЕЊЕ, КАКО ДА ЈА АПСАТ ЗА ЛИТАР МАСТИКА А НЕ ЗА НАСИЛНА СМРТ

0
978

Хрватски „Јутарњи лист“ пренесе детали од апсењето на осомничените за убиството на ракометарот Дениз Тот. Според нивните извори од полицијата, осомничената Клементина Левковска по апсењето цело време се смеела и не покажувала каење.

-Таа само се смееше, како да сме ја уапсиле за кражба на литар мастика во продавница, а не за насилна смрт, раскажал извор запознаен со истрагата за убиството на играчот на скопскиот РК Бутел.

„Јутарњи лист“ пишува дека Привилиџ во Скопје е познат како фолк клуб во кој одат млади и дека не е можно во тоа време освен учесници и сведоци на влезот, никој да не поминувал од паркингот до влезот во дискотеката и шеталиштето покрај Вардар и ништо не видел.