КОВАЧЕВСКИ : КВАЗИ ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ КОРОНА, СТАНАА ЕКСПЕРТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА – ДА ГИ ПРАШАШ ДЕФИНИЦИЈА ЗА ВАТ И ВОЛТ НЕМА ДА КАЖАТ РАЗЛИКА

0
557

Премиерот Ковачевски истакна дека во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.

„Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот”, рече Ковачевски.

„Истите тие кои беа експерти за лекување од корона, истите тие кои во корона кризата ширеа најразлични лаги, истите тие станаа експерти за производство на електрична енергија иако да ги прашаш дефиниција за ват и волт нема да може да ви кажат разлика. Тие беа демантирани токму од вас кој успеавте да произведете електрична енергија повеќе од тоа што со закон сте обврзани. Но наша обврска е да се бориме со лажните вести и затоа енергетската транспарентност ја издигнавме највисоко на листата на приоритети и цели 6 месеци во текот на грејната сезона секој ден објавуваме информации за состојбата со производството на електрична енергија“ порача премиерот.

Министерот за економија Крешник Бектеши, рече дека Министерството за економија како надлежна институцијата за енергетскиот сектор во државата од почетокот на грејната сезона работеше секојдневно со сите надлежни институции од енергетскиот сектор и носеше мерки се со цел успешно пребродување на енергетската криза.

„И можам да кажам дека сите заедно успеавме во тоа. Сега пред нас стојат нови предизвици, а тоа е пред се енергетската трансформација и зголемување на енергетската независност. Во наредниот период ќе продолжиме да работиме засилено и посветено во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори што ќе донесе поголема независност.

Фокус исто така ќе биде и подготовка на следната грејна сезона која сум сигурен дека со новиот менаџмент на ЕСМ успешно ќе ја поминеме. Потрошивме најмалку средства споредено со земјите од регионот за справување со енергетската криза и обезбедивме непрекинато снабдување со електрична енергија за домаќинствата и компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму” рече Бектеши.Генералниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, им честита и се заблагодари на сите вработени во АД ЕСМ и на менаџментот на компанијата, затоа што професионално, максимално и со сиот свој потенцијал се вложија себеси при справувањето со енергетската криза.