ПА ДАЛИ Е ОВОЈ ЧОВЕК НОРМАЛЕН?!?!?! КАКОВ Е ОВОЈ КЛОВН КОЈ ЗА САМО 5 МЕСЕЦИ СЕ НЕГИРА САМ СЕБЕСИ?!

0
2219

Во моментов на Курир има изјава од Миле Бошков од конфедерацијата на работодавачи во која тој дава подршка за одлуката на влада за укинување на давачките за хонорари. Но пред 5 месеци тој исто така даде подршка на одлуката на владата да ги оданочи хонорарите??!?!?

mile.boskov

Еве ја сегашнава изјава:

Одлуката на владата за укинување на давачките за хонорарците предизвика низа реакции во јавноста. Според претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, укинувањето на пензиското и здравственото осигурување за хонорарците ќе значи помал товар за пресметките, односно хонорарците ќе знаат како да си ги пресметаат своите услуги и персоналниот данок.

-Секако, тие самите одлучуваат што ќе прават со своето работно место, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување. На овој начин точно ќе знаат каква е калкулацијата, или сами да влезат во пензискиот столб или да останат во таква ситуација во каква што се, смета Бошков.

Од друга страна, според Бошков, за работодавачите двоен е бенефитот. На долг рок точно ќе знаат како да го водат бизнисот, односно да ја применат стратегијата за водење на бизнисот.

-Истовремено, веднаш имаат техничко олеснување за водење на бизнисот, бидејќи не ќе мора да прават калкулации на оние на кои им исплаќаат хонорари, да можат да се договараат дали ќе биде повисока или пониска сумата, дали ќе влегуваат во сивата зона- чисто и лесно како што беше досега, така мислам и дека треба да остане, нагласува Бошков.

Успешноста на проектот Македонија вработува е една од главните причини поради кои се укина законот за хонорарците. Бошков вели дека секогаш е добро кога работниците добиваат социјална сигурност, загарантирано работно место, бидејќи понатаму можат да си го планираат животот за некои посигурни цели.

Работодавачите, со проектот кој помага при вработувањето ќе имаат цел да бидат стабилни, да можат да напредуваат со повеќе вработени. Генерално, ова е многу добра мерка за целото општество, тврди претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

Пред 5 месеци пак, Миле Бошков за законот за хонорари со кој се оданочија хонорарите кажа:

Поддршка даде и Бизнис конфедерацијата на Македонија од каде посочуваат дека на тој начин сите граѓани кои работат како хонорарци ќе го почувствуваат бенефитот од нивната работа.

– Тоа ќе биде подобро и за граѓаните и за бизнис заедницата, пред се за категоријата граѓани кои се движат во рамки на просечната плата, кои навистина ќе можат да ги почувствуваат примањата. Нормално е дека треба да се плаќаат даноци и персоналниот данок кој е во прифатлива висина и од друга страна за бизнис заедницата е важно повторно да излезе од зоната на размилување како да го изигра Законот. Ова е состојба која што бизнис-заедницата може да си ја дозволи, односно ние на некој начин сме навикнати на тоа дека сите хонорари или сите исплати во однос на договор на дело или авторски договор дека се на некој начин пресметани во износот од 10 или 11 проценти како персонален данок – истакна претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.

Тој додаде дека ваквите измени и дополнувања во Законот на некој начин претставуваат вклучување на сите граѓани и бизнис заедницата во борбата против нелојалната конкуренција и сивата економија.