(ВИДЕО) Ковачевски: ЕЛЕМ за фамилијата стана фирма и за мајмуни и желки, затоа сметките за струја се плафонски

0
1309

V.Kovachevski(3)АД ЕЛЕМ треба да биде столб на електроенергетскиот систем во Р.Македонија. Но, наместо тоа, таа стана фирма за хортикултурно уредување, изјави пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ.

„Затоа надвор од секоја здрава логика, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во ЕЛЕМ се преокупирани со избор на какви мајмуни и желки ќе има во Рајската градина, контроверзен бизнис вреден 14-милиони евра. По којзнае кој пат откажуваат 3-те блокови на главниот енергетски столб во земјава, РЕК Битола. Стотици милиони евра до сега ги чинат граѓаните наводните ремонти на блоковите во РЕК Битола. И не само тоа, не работи ниту РЕК Осломеј! Се трошат огромни средства за енормни количини мазут за термоелектраните. Во последните 10 години:

-Намалено е домашното производство на струја за повеќе од една третина, или околу 35 проценти!

-За 100 проценти е покачена цената на струјата!

-Увозот на скапа струја во Македонија достигна неверојатни 40 проценти од вкупното количество на струја!

Фамилијата на власт се богати на грбот на осиромашените граѓани.

Во сметките за струја ја натплаќаме увезената струја.

Ние граѓаните плаќаме и за нивните милионски тендери за рајски паркови, ски стази, барок фасади, медиумски реклами…

Груевски и соработниците, за свои интереси, ја направија Македонија електроенергетски најзависната држава во Европа!

Ова е последна година на изживувањата на Груевски и соработниците врз граѓаните.

Се обврзуваме дека по промената на власта, ќе ги оспособиме АД ЕЛЕМ, РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино – сите домашни енергетски капацитети, за да го зголемиме домашното производство на струја.

И ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата.“, вели Ковачевски.