(ВИДЕО) Заев од Брисел порача: Преодна влада без Груевски

0
1347

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред денешната средба во Брисел даде изјава за Телма.

zaev brisel tel

– Навистина се сосема спротиставени позициите иако се логичните аргументи на наша страна затоа што крајна цел се фер, демократски и регуларни избори кои можат да се постигнат единствено преку преодна влада без Груевски која ќе ги гарантира слободно изразените волји на граѓаните – рече Заев.

– Се надевам дека денеска ќе сфати Европската Комисија. Ако и денеска не сфати, можеби после 10 дена ќе сфати, или после 20, но апсолутно немаме кај да брзаме. Знаеме дека е важно да добиеме позитивна препорака од ЕК, но пред се, и над се, мора да имаме слободна и демократска земја.

Заев најавил дека од резултатот од денешната средба ќе зависи дали СДСМ ќе продолжи со објавување на бомбите.

Видео од изјавата на Заев погледнете на Телма на следниот линк.