Касами од САД: Со СДСМ ќе освоиме 61 пратеник, ДУИ конечно во опозиција и ќе донесеме порелаксирана иднина

0
849

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, за време на неговата посета на САД, даде интервју за Гласот на Америка во кое зборуваше околу предизборната коалиција со СДСМ на Зоран Заев.

Касами изјави дека оваа коалиција ќе биде победник на изборите на 12 април и ќе го добие потребното мнозинство од 61 пратеник со што ДУИ конечно ќе оди во опозиција.

Тој понатаму додаде дека оваа коалиција е „евроатлантска“ коалиција и за разлика од проблематичното минатото ќе донесе една порелаксирана иднина.

„Оваа коалиција меѓу СДСМ и Беса ќе создаде поумерена клима. Ние цениме дека оваа коалиција ќе биде коалиција што ќе направи разлика помеѓу многу проблематично минато меѓу двете мнозински заедници, Албанците и Македонците, и иднина што ќе биде многу порелаксирачка кога ќе се зборува за прашања од заеднички интерес за двете заедници”, изјави Касами за Гласот на Америка.