Сугаре ќе ја оправа КОЛАТЕРАЛНАТА ШТЕТА од Миле ми текна со темелни реформи во Катастарот

0
1693

– Владаta планира да се занимава со темелни на суштински реформи поврзани со областа на геодезијата и катастарот со вклучување на што е можно поголем број на релевантни субјетки – рече Сугарески на десетта Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци во организација на Агенцијата за катастар на недвижости.

Сугарески, како што рече, очекува искуствата од земјите од регионот од областа на катастарот и инфраструктурата на просторните податоци, дапридонесат за воспостување функционален катастар кој ќе ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемен број на трансакции, подобрување на урбанистичкото планирање, развој на инфраструктурата и на животната среднина со цел за оддржлив развој на општеството во целина.

На конференцијата на тема „Улогата на националните агенции за картографија и катастар, приватниот геодетски сектор, како и универзитетите во процесот на управување со геопросторните информации“ учествуваат катастрите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Бугарија и Македонија, како и коморите на приватните геодетски фирми од земјите од Балканот.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески нагласи дека благодарение на регионалната соработка на катастрите во изминативе 10 години се обезбеди можност за учење едни од други, како и за споделување на знаења и добри практики, воспоставување прекугранична соработка во областа на размената на податоци и сервиси од националните ГНСС системи и заеднички настап пред меѓународните организаци и донаторската заедница.

– Како резултат на заедничката соработка ЕУ го финасираше проектот „Инспирација“ – Инфраструктура на просторни податоци во земјите од Западен Балкан, со цел промоција и јакнење на капацитетите наземјите од Западен Балкан вопроцесот на имплементација на ИНСПИРЕ директивата. Потоа следеше ИМПУЛС проектот кој е финасиран од Шведската агенција за меѓународен развој и има зацел да го поддржи градењето накапацитетите нанационалните агенцииза катастар и геодезија во воспоставувањето на национална инфраструктура за просторни податоци итехничка интероперабилност помежу институциите од регионот, какои развој на услуги и сервиси за размена и споделување на геопросторните податоци межу земјите од регионот, рече Трпески. Додаде дека од почетокот на годинава започна да се имплементира и регионалниот проект Spatial финасиран од Холандското министерство за надворешни работи во рамки на МАТРА претпристапната програма.

Директорот на Федералната управа за геодетско имотно-правни работи на БиХ, Жељко Радојчиќ посочи дека сите земи од регонот делат иста историја во сектор на земјишна администрација поради што, како што рече, имаат и слични проблеми. ¬ Нагласи дека сите агенции за катастар од регионот се препознати како извор на квалитетни податоци за граѓаните. Директорот на Дирекцијата за недвижности на Црна Гора, Драган Ковачевиќ, пак, потенцира дека Македонија има најдобар катастар во регионот и пошироко, поради што, како што кажа, сите катастри од регионот ги користеле македонските искуства и препораките што ги добивале од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија за да ја унапредат нивната дејност. На конференцијата се присутни и претставници од шведскиот, холандскиот и норвешкиот катастар, кои во изминатите 10 години континуирано го помагаат развојот на катастрите од регионот.

Извор : Локално