(ВИДЕО) Заев: Иванов ќе добие писмо од новиот претседател на Собранието треба да го додели мандатот!

0
1420

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, Претседател на СДСМ
Скопје, 21.03.2017
Медиуми:Околу денешната координативна средба, што е толку спорно дали претседателот на Комисијата ќе биде од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Заев: Цело време сме со огромно внимание поставени во целиот процес, додека буквално не дриблаа дека е некој приватно зафатен, па неможе да се одржи координација, го почекавме и тој момент кога стоеја на своите стојалишта дека треба да биде составот на членовите 6-5-1-1, а мислевме ние поинаку, да биде 5-5-2-2, и тоа го прифативме и сега се бара претседателот на Комисијата од ВМРО ДПМНЕ. Ние немаме проблеми со оваа работа, ова е само уште една причина да биде блокиран изборот на претседател на Собранието, но тоа нема да го дозволиме. Легитимно е и да се знае, согласно Деловникот, Парламентот на пленарна сесија, бира претседател на Собранието и претседател на Комисијата за избори и изменување и Заменик претседател, бира членови и заменици членови. Нека ги каже ВМРО ДПМНЕ своите аргументи зошто треба да имаат претседател на Комисијата за избори и изменување пред целата јавност на пленум за да се дискутира за оваа работа, ние ќе ги кажеме нашите аргументи и на крајот се знае во демократска земја како се одлучува, ќе се дигнат двата прста и ќе се притисне на копчето и ќе се одлучи кој да го има претседателот на Собранието. Апсолутно процесите мора да се движат напред, заради тоа што тоа е третата точка, со завршувањето на третата точка ќе преминеме на четвртата точка, кое што е избор на претседателот на Собранието на Република Македонија и тоа се процеси којшто се од корист и во полза на добар и мудар начин на носење на одлуките согласно она што го пишува нашиот Устав и нашето позитивно законодавство, така и деловникот во Собранието, веруваме дека процесите ќе се движат во ваков правец. Нема да дозволиме некој да се крие зад одговорноста и да ја инволвира цела Македонија, секако имаме трпение, имаме разбирање, апелираме за се, но исто така имаме и должност, граѓаните го губат трпението, очекуваме да се дебатира за успешни реформи, очекуваат да има бенефит од тие успешни реформи, очекуваат да ја видат Македонија како се движи напред, има квалитетна дебата, економски проекти пред се и над се, тоа го очекуваат граѓаните од нас, одлуки мора да се носат.

Медиуми: Но Иванов останува на ставот, вели ако не се исполнат условите нема да го даде мандатот?

Заев: Го знаете нашиот став и ќе го повторам, ние ќе очекуваме да ги отстраниме овие две нелогични или неразбирливи причини коишто господинот Иванов ги испорача пред јавноста, а стој пред нас. 10-те дена новиот претседател на Собранието преку писмо ќе му ги обезбеди и ако е навистина тој во ситуација да биде загрижен за овие 10 дена за да не го крши Уставот, покрај тоа што има 67 потписи обезбедено, еве и ова нелогично барање ќе му го исполниме. Веќе ја објавивме програмата за идната Влада којашто е апсолутно за зајакнување на унитарноста на државата, целосно почитување на Уставот и нашите евро-атланстки перспективи, сето што е внатре апсолутно не ни индицира за некакви туѓи интереси наметнати врз Македонија, не, тоа е 100% во интерес на граѓаните. Очекуваме јас бев на состанот кај г-динот Иванов, разговарав пред да ја објави својата одлука, еве имам разбирање за оваа работа, заедно сите ние што стоиме со 67 потписи на пратеници дека тоа ќе бидат доволно причини тој да го даде мандатот, тоа е редот на работите. Сите знаат дека мандатот се црпи од граѓаните, тие го даваат на пратениците. Вакви избори и вечерва беше потенцирано на овој состанок се навистина одлична можност којшто се признаени од сите политички партии, вакви кредибилни и регуларни избори којшто можеби и не се по наше задовлоство, комплетно, имаме 49 пратеници, но тоа мора Македонија да го искористи како завршен кредибилен и регуларен процес, согласно кој мора да се придвижат демократските процеси, понатаму.

Медиуми:Дали ќе иницирате гласање Влада во Собрание, доколку Иванов и натаму не го дава мандатот?

Заев: Остануваме сеуште на нашите изјави дека го очекуваме мандатот од г-динот Иванов. Секој друг, па дури и коментар е непотребен во моментов за Република Македонија. Стоиме на таа опција и уште еднаш апелираме и уверуваме дека треба да се следи она што е пракса церемонијалната и формална улога претседателот на државата треба да ја исполни, да го даде мандатот. Секако инаетот ќе ја носи Македонија кон лоша иднина и ние имаме исто така обврска сите да водиме грижа за добрата иднина на Република Македонија.

Медиуми: Дали Хан спомена некакви санкции кон Иванов и кон оние кои ги забавуваат демократските процеси?

Заев: Верувам Комесарот Хан ќе има изјави и тој ќе ги каже своите ставови за тоа што тој разговарал со нас и со другите политички партии.

Медиуми: Иванов изјави дека нема да се сретне со Хан бидејќи би му ги повторил истите ставови. Како вие тоа го коментирате?

Заев: Веројатно г-динот Иванов очекува писмо од новиот претседател на Собранието на Република Македонија кое што ќе му го отстрани проблемот со 10-те дена и верувам дека тогаш тој ќе ги промени своите ставови.

Медиуми: Дали верувате дека меѓународната заедница би поддржала Влада која е формирана без мандат?

Заев: Меѓународната заедница пријател на Македонија повикан од нас, за да ни помогне. Таа сигурно ќе ги почитува сите уставни права кои им следуваат на граѓаните и на инситутциите на Македонија. Немам двојбено мислење околу оваа работа. Секако сите нивни мислења се за да се почитува Уставот, да се почитуваат законите и деловникот за работа во Собранието. Така што верувам дека тие ќе бидат на линија на принципите и вредностите кои стојат целиот овој период.

Медиуми:Во однос на забрзувањето на процесите, кога очекувате функционално Собрание?

Заев: Јас очекувам Собранието да има седница до крајот на оваа недела. Се друго ќе значи банализирање и барање изговори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, токму преку господинот Вељановски кој е претседавач на седницата која е започната и треба да заврши. И вие доборупатените новинари и грашаните знаат дека тоа е едноставна работа. Да се продолжи седницата која е застаната на втора точка и треба да продолжи со трета и четврта точка. Треба да се избере Комисија за избори и именувања и треба да се избере Претседател на СОбранието. Македонија не е од вчера, ние имаме парментарна демократија повеќе од 25 години и требва да се движиме по овој правец, по пат на транспарентни дебати да одлучува и да ги носиме одлуките и да се движиме напред кон процесите кои следуваат. Јас сум убеден и верува дека до крајот на оваа седмица ова треба да заврши и се надевам дека мојата изјава со испраќање надеж, нема да биде за инает злоупотребена од некој друг. Македонија час поскоро бара решение. Тоа е обврска и на Никола Груевски и на Трајко Вељановски и на Ѓорге Иванов и на сите граѓани во Македонија. Посебно е пбврска на политичарите во нашата земја.

Медиуми: Ако Вељановски тактизира, дали седницата ќе ја свика најстариот пратеник?

Заев: Сите деловнички можности кои стојат на располагање се отворени. Сакаме да не даваме изговори на било кого од било каков карактер. Сакаме со разбирање, по пат на дијалог, решавање на сите работи со наше присуство преку парламентарни процедури за процеите кои следуваат.