КОВАЧЕВСКИ : ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е ГАРАНЦИЈА ЗА ПОДОБАР СТАНДАРД, ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТЕНИ РАБОТНИ МЕСТА И ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ ДОМА

0
182
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“ посочи ека евроинтеграциите и конечно членството во ЕУ се единствената гаранција за просперитетна иднина. Тој нагласи дека граѓаните сакаат земјата да продолжи со демократски и економски развој, затоа што знаат дека тоа значи подобар стандард, за повисоки платени работни места и европски вредности дома.
-Затоа верувам дека граѓаните ќе дадат поддршка за стабилен и постојан економски раст, нови инвестиции, квалитетни работни места, правна, социјална, здравствена, образовна сигурност. Евроатлантската ориентација на нашата држава досега донесе највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Имаме, речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра. До 2017 година пак – имаше нула поддржани домашни компании од државата. Во овие 6 години, со 100 милиони евра државни пари, поддржавме 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси, со реализирани 500 милиони евра инвестиции, посочи претседателот Ковачевски.
Претседателот Ковачевски потенцираше и дека со социјалдемократските политики и јасната проевропската ориентација на Владата која ја предводеше тој во неговиот прв мандат, се овозможија и достоинствени плати на вработените, рекордна просечна плата од околу 630 евра – значи над ветените 500 евра на граѓаните, рекордна минимална плата од над 22.500 денари колку што ќе е со следното усогласување, и историско ниво на пензии, со оглед на фактот сека просечната пензија е околу 20.000 денари, минималната е 13.000 денари.
-Поддршката од ЕУ ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови, кога ќе станеме членка на Европската Унија. Тоа го покажуваат примерите со развојот на Романија, Чешка, Словачка, Полска. Во однос на странските директни инвестиции, тие во просек се зголемиле за 28% – и тоа во првите 5 години од членството во Унијата. Анализите покажуваат дека една земја членка на ЕУ, од фондовите на Унијата, добива 11 пати повеќе средства по жител, отколку земјите кандидатки за членство. Овие пари значат инвестиции во животниот стандард, во нови работни места, во подобро живеење на граѓаните и примена на европските вредности дома, истакна Ковачевски.
Во овој контекст, претседателот Ковачевски рече дека шансата за членство во ЕУ до 2030 година е уникатна и дека овој пат нема да дозволиме да се пропушти затоа што Европската Унија и членството на Северна Македонија во неа се единствениот начин на кој ќе се обезбеди просперитетна иднина и услови нашите деца тука дома да си ја градат иднината.
-Затоа на Северна Македонија и треба проевропска Влада и евроатланска ориентација, и јасен план за движењето на државата кон интеграцијата во ЕУ. Сите оние кои го кочат европскиот пат, им ја одземаат можноста на македонските граѓани да живеат достоинствено. Ова е време за европски политики кои се на иста линија со прогресивната јавност во државата,  истакна Ковачевски.