НЕ Е САМО РУСИЈА, И КИНА СЕ ПОВЕЌЕ ЗАБЕГУВА НА СВЕТСКАТА СЦЕНА: НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВИНАТ, ТИЕ СО НОВИ ЗАКАНИ КОН САД ЗАТОА ШТО АМЕРИКАНЦИТЕ СО РАКЕТИ ГО СОБОРИЈА ШПИОНСКИОТ БАЛОН НАД САД?!

0
456

КИНА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА САД

Балонот бил соборен во водите кај Јужна Каролина

Кина се закани дека нема да отсуствуваат последици откако армијата на САД вчера го собори кинескиот шпионски балон кај брегот на Каролина, со образложение дека поминал над чувствителни воени локации низ Северна Америка.

Наредбата ја издаде американскиот претседателот Џо Бајден, но тој планирал балонот да биде соборен уште во средата.

„Тој беше советуван дека најдобро време за операцијата ќе биде кога балонот ќе биде над вода“, изјавија американските власти.

Кина одговори дека го задржува правото да „преземе дополнителни активности“ и ги критикуваше САД за „очигледна претерана реакција и сериозно кршење на меѓународната практика“.

Во денешната изјава, кинеското Министерство за надворешни работи рече дека „Кина одлучно ќе ги поддржува легитимните права и интереси на релевантната компанија, а во исто време го задржува правото да преземе дополнителни активности како одговор“.Присуството на балонот на небото над САД, за кој Кина вели дека е залутано метеоролошко летало, а не шпионско, оваа недела им зададе тежок удар на веќе затегнатите американско-кинески односи кои со години се во надолна линија. Поради балонот, државниот секретар Антони Блинкен ја откажа посетата на Пекинг чија цел беше да се смират тензиите.