(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА НОВА : Со вирусот ќе играме топло-ладно

0
1085

Мерките што доследно ги спроведуваме, засега го даваат посакуваниот резултат. Клучната цел ни беше бројката на заразени да расте линеарно, а не експоненцијално и да не ни се случи сценарио од Италија каде здравствениот систем не можеше да ја издржи таа оптовареност.

Многу беше важен тајмингот на имплементација на мерките. Ние, на пример, бевме прва земја во регион от што воведе контрола на аеродромите во момент кога тоа не беше направено во метрополи како Истанбул и Брисел.

Се покажа дека рестриктивните мерки, социјалната дистанца, ограничувањето на движењата на двете групи помлади и повозрасни лица, едните да се движат допладне, а другите попладне, даваат резултати, рече министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на Нова ТВ.