(ВИДЕО) Фајон: Во Македонија има лоша економија и услови во здравството

0
1108

Денеска, имавме одлични разговори со господинот Заев и досега навистина е добра соработка заедно со мојот колега Флекенштајн. Морам да кажам дека давам потполна поддршка за подобар живот во Македонија. %d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d1%82%d0%b0%d1%9a%d0%b0

Разговарајќи со многу луѓе во Македонија, гледам дека на оваa држава и е потребна промена, кога зборуваме за Македонија и нејзиниот напредок кон Европската унија и подобар живот посебно за младата генерација. Гледам многу млади луѓе кои ја напуштаат државата. Гледам лоши економски односи. Гледам лоши услови во здравството. Затоа е многу потребно да се направи промена, изјави по средбата Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент и заменик претседателка на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

– Длабоко се надевам дека ќе можеме да видиме фер и слободни избори и демократски избори. Меѓународната заедница вклучувајќи не и нас од Европскиот Парламент одблиску следиме што се случува во пред изборниот период и исто така за време на изборите. Мислам дека е многу важно за Македонија да спроведе избори коишто ќе бидат признати.

Денес имавме и многу интересна средба со специјалната обвинителка и дадовме целосна поддршка за нејзината работа. Би сакала да изразам дека стравот на граѓаните, кој слушам доста често се случува дека нивното гласање може некој да го следи или дека ќе има заплашување, тоа нема да биде регуларно гласање! Затоа луѓето треба да имаат слободен избор како да одлучуваат за својата иднина во државата и само тоа би значело дека изборите се демократски – нагласи Фајон.