ШОКАНТНО, ОЈО ДА РЕАГИРА – ДИРЕКТОРОТ НА ТВ АЛФА ЈАНИ БОЈАЏИ СО ЗАКАНА КОН ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ : САКАМ ДА ГИ ВИДАМ НИВНИТЕ МАЈКИ, НИВНИТЕ СЕСТРИ, НИВНИТЕ ЖЕНИ И НИВНИТЕ ЌЕРКИ КАКО ЛЕЛЕКААТ

0
1577

Во колумна на Нова Македонија режисерот и директор на ТВ Алфа, јани Бојаџи се заканува дека ќе ги расплакал мајките на членовите на СДСМ, просто е неверојатно како ваков човек е директор на телевизија. ОЈО треба да реагира по оваа колумна!  

Нема да простам, сакам да видам како лелекаат и проколнуваат до бес. Јас сакам да ги видам нивните мајки, нивните сестри, нивните жени и нивните ќерки како лелекаат, кубат коси и кинат кошули од болка, онака како што нашите мајки, нашите сестри, нашите жени и нашите ќерки трепереа, а некои и ден-денес треперат пред нив и нивниот меч над нашите глави!

Јас нема да им простам на ѕверови што немаат милост за нашите стари татковци и нашите стари мајки! Јас нема да простам затоа што тие немаат милост ниту за оние по нас. Нема да им простам на лажговци што одат по амбасадите на Америка, Британија и Франција и лажно сведочат дека сме им непријатели на тие земји и тие народи. Прашувам: Никогаш ли не помисливте дека тие што ве примаат, сепак, се само службеници, кои во нивните тефтери ги запишуваат нашите имиња, но и имињата на нашите деца и внуци?! Вие што прво нѐ клеветите, а потоа вапсувате зелени јајца со вашите деца на Велигден и им се заветувате на иднина и среќа, помисливте ли дека само ден пред тоа во некоја амбасада сте ги убиле иднината и среќата на нашите деца и внуци?!

Не сте, знам. Како што не знаете дека, додека им целувате раце на чесни владици и се крстите во светите цркви, прекршувате една од десетте божји заповеди: НЕ СВЕДОЧИ ЛАЖНО ЗА БЛИЖНИОТ СВОЈ! Нема да ви простам затоа што вие и не разбирате дека правите грев и неправда. Тоа не стигнува до вас. Да ви се прости вам е исто како да му се прости на волк што заклал стадо овци. Ако го оставиш, тој пак ќе го направи истото тоа. Тоа е во неговата природа и посилно е од него самиот. Нема зошто да им се простува на умноболни. Тие не се виновни, само се болни и треба да се стават во институции, и мора да се згрижат и лекуваат. Вие не сте за во затвор, вие сте за во лудница. И сосема на крајот.

Дури и да ви простам денес, во сегашноста, вие самите веќе сте направиле зло и неправда во иднината. Мојата прошка е бесмислена. ЈАС НЕ ПРОСТУВАМ. Јас сакам чесен суд. Јас сакам правда. Нема правда, нема мир. Мене тоа не ми значи ништо. Јас правда сакам, а мир, никогаш, ама никогаш, додека дишам, до последниот здив, е мир, мир нема да имате! За правдата ќе ви простам, но за тоа што ми го зедовте мирот не можам дури и да сакам да проштевам! Мирот ми го зедовте и мир немам, па мир не можам да ви дадам! Додека сум жив ќе живеете во немир. Помирете се со тоа. Мир нема да имате. Единствен начин да се спречи ново предавство и ново зло е да живеете обележано, во немир и страв.