СТОИЛКОВСКИ : ЦЕЛО СДС НА СЛИКАЊЕ СО БЕГАЛЕЦОТ ОД ЗАТВОР НАФИ АБДИОВСКИ, ОСТАВКИ!

0
414
Повторно власта, владата, СДС, правда, МВР  се кријат и немаат одговор за тоа што затворите станаа решето, во кое што остануваат само оние коишто немаат врска со функционери на СДС и со мафијата.  Почитувани,
Избеганиот од Шутка, Нафи Абдиовски со единствена затворска казна која што чека правосилност би излегол од затвор на 4 март 2040та година. 16те неправосилни пресуди се со единствена затворска казна од 17 години 6 месеци и 20 дена.
Нема Сектор за внатрешни работи во Македонија каде што Нафи не е баран за престап. Баран е од СВР Свети Николе, баран е од  СВР Кичево, баран е од СВР Тетово, баран е од СВР Штип, баран е од СВР Струга, баран е од СВР Скопје.
 Осуден на 8 месеци, повратник затвореник чека правосилност за 16 прекршоци и единствена затворска казна од 17 и пол години, спротивно на закон наместо во Идризово го носат во Шутка и му даваат оцена да биде во полуотворено одделение и човекот им избегал. Уште едно филмско  сценарио, трилер за соработка на мафијата и на власта. И никој досега не превзел одговорност, ниту ќе има одговорност, ниту ќе има оставка. Случајот е сценарио, молкот тоа го потврдува.
Почитувани, доколку тоа не е така:
-Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски мора да одговори што бара во прегратка со овој човек, познат на сите СВР во Македонија? Но и да одговори за врските на Абдиовски со сите негови колеги. -Министерот Љупчо Николовски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали и во кој дел соработувале?  Можеби во делот со борба со корупцијата.
-Министерот за политички систем, Артан Груби мора да одговори за блискоста и евентуалната соработка со Абдиовски штом вака присно се фотографираат?  -Владиниот портпарол, Муамет Хоџа мора да одговори за блискоста со Абдиовски, очигледна од вакви срдечни фотографии направени срeде Влада?-Советникот во владиниот кабинет, Љубе Бошкоски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали му е соработник, дали му помага во привклекувањето на странски директни инвестиции?

-Владината служба мора да одговори колку пати Абдиовски бил во Влада, кој се го примил, за да Абдиовски има цело едно портфолио фотографии од владата внатре од кабинети, дури и од премиерскиот кабинет. -Поранешниот владин портпарол, а сега член на кабинетот на Стево Пендаровски, Миле Бошњаковски, мора да одговори на што се должи блискоста и непосредноста со Абдиовски за заеднички фотографии во Влада? Дали можеби имаат фотографии и од посети на Абдиовски и на Вила Водно? -Стево Пендаровски, исто така мора да одговори за релацијата со Абдиовски, како очигледен член на неговиот изборен штаб и заеднички фотографии?

– Довчерашниот министер, па владин советник, сега амбасадор во чекање, Едмонд Адеми, за амбасадорско место воМадрид мора да одговори кога го примил и за што разговарал со  Абдиовски, колку се блиски за вакви фотографии да излегуваат од министерски кабинет кога беше министер? -Томислав Тунтев  но и Агенцијата за цивилно воздухопловство чии што директор е мора да одговорат што барал Абдиовски во директорскиот кабинет, каква врска има меѓу нив двајца, што работа има Тунтев со еден човек баран од сите сектори за внатрешни работи , наместо да работи и да ги заработи оние 3.300 евра плата месечно? -Миле Зечевиќ но и СДС мора да одговорат за врските на генералниот секретар на СДС со Нафи Абдиовски, неговата улога во изборните процеси во Македонија?