Првата рата од 53 илјади долари за фалење на Груевски и ВМРО ДПМНЕ исплатена, лице за контакт лиглето Александар Николовски

0
1374

На интернет страницата на Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерство за правда, објавени се документите за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со американската пи-ар компанија Њу партнерс консултинг, за кои пишува  американскиот неделник ПР вик, пренесува Либертас.

5B0308B4-33B2-403B-AA17-A999B6BF0AD7_w640_r1_s1

Според регистрацијата која компанијата ја пријавила во американското државно тело, владејачката партија на деветти ноември и исплатила на Њу партнерс консултинг 53 илјади американски долари, од кои 36 илјади за, како што е наведено, планирани активности и 17 илјади долари за активности поврзани со односи со јавноста.

Во документот кој е регистриран на 17 декември 2015 година се наведува и дека за месечна сума од 54 илјади американски долари, агенцијата ќе обезбедува промовирање на Македонија, особено улогата на премиерот Никола Груевски во епицентарот на бегалската криза и потребата од зголемување на соработката и ресурсите од невладините организации и меѓународните партнери.

Тие, како што пишува, ќе го олеснат и пристапот до странските новинари во поглед на надворешните работи и миграциите во Македонија, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се, на пишување на соопштенија за јавност, изјави од премиерот и мислења и проширување до новинарите во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Сите работи, како што пишува, ќе ги дистрибуираат до радијата, телевизиите и весниците, а соработката почнала од 1 декември.

aleksandar-nikolovski

Како контакт лице од владејачката партија во документот се наведува пратеникот Александар Николовски.

Извор: Либертас