ВЕСНА ДАМЕВА : ОСТАНУВАМ ЧЛЕН НА СУДСКИ СОВЕТ ДОДЕКА НЕ СЕ ОБИДАТ ДА МЕ ОТСТРАНАТ

0
494

Што се крие зад „вистинските“ причини за моето повторно разрешување, а без присуство на јавноста и со грубо прекршување на сите правила и процедури, убедена сум дека тоа на јавноста и` е веќе добро познато, вели за Дојче Веле Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет, која вчера одново беше „разрешена“, во постапка која не е предвидена со закон и деловник, а потоа за нов претседател на Судскиот совет беше избран судијата Сашко Георгиев.

Од 13 членови со право на глас, за Георгиев 8 гласале „за“, што е минимален број гласови потребен за да се избере претседател. Четворицата членови кои гласале „против“, изјавија дека тоа е нивен принципиелен став, бидејќи Сашко Георгиев гласал за разрешувањето на Дамева и со тоа придонел за состојбата во која се најде Судскиот совет изминатите денови.Единствената со право на глас која не присуствувала на гласањето, е Весна Дамева.

„Очигледно е дека вчерашниот чин, кој за некои најверојатно е завршница на претходните дејствија, нема ниту правна ниту законска основа. Одговорност за незаконско постапување и одлучување мора и треба да има. Судскиот совет беше блокиран изминатите денови, со цел да се обезбеди потребното мнозинство за мое разрешување и за избор на нов претседател.