ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И НАШИТЕ ХЕРОИ ВО МЕДИЦИНАТА СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА СПАСАТ ЖИВОТ СО ПРЕСАДУВАЊЕ НА БУБРЕГ ОД ПОЧИНАТ ДОНОР

0
725

Денеска во раните утрински часови започаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор.

Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите.

Благодарение на нивната хуманост денес еден пациент ќе добие срце и шанса за нов живот. ❤️ Уште една млада пациентка се подготвува да прими бубрег.

Станува збор за исклучително тешки операции, на моите колеги им посакувам многу успех во работата. 🤞Дополнително од донорот ќе бидат експлантирани и коскени ткива.

🙏Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.