Уредникот на Плусинфо, Бранко Героски: Ако овие денови некој ве праша зошто Груевски не смее да ги организира изборите, одговорете му соодветно со – ЗА КУРОВО ЗДРАВЈЕ, ETE ЗАТОА!

0
1021

gero1

Интересна колумна на Геро, еве еден дел:

Да не е таа воодушевеност од неверојатната, лудачка енергија на човекот кој ја следи својата ѕвезда паѓалка по цена на саможртва (при тоа и со мошне мудро искалкулираната анализа во која преовладува точната проценка дека никој всушност нема сила да му се спротивстави на неговата одлучност), значи да не е таа илузија која опива, секој од вас лесно ќе сфати дека СДСМ, здружената опозиција и побунетото граѓанство мора веднаш да се обединат во уште поцврста одлука по никоја цена да не го прифатат планот идните избори да ги организира влада на чело со деспотот Никола Груевски. На несериозното и безобразно прашање „зошто“, треба да се дава жовијален одговор – за курово здравје, ете затоа! Ако опцијата „Груевски за премиер“ е условот преговорите на 10 јуни во Брисел да успеат, нашите претставници мора одлучно да одговорат – не, нема да легитимираме влада во која ќе биде Груевски, нема да учествуваме на такви избори и нема да ја признаеме власта избрана на уште една изборна кланица. И точка! Ди енд! Енде! Фунд!

Целата колумна на порталот Плусинфо.